Во период од 31.10. – 04.11.2022 година, во Одделот за медицинска обука при Баталјонот за медицинска поддршка (бМП) заедно во соработка со сертифицирани инструктори од Вооружените сили на Швајцарската конфедерација, се реализираше „Курс за пред болничко згрижување на повредени “(Prehospital Trauma Life Support-PHTLS).
На курсот учествуваа припадници од повеќе единици од Армијата на Република Северна Македонија, но и припадници од Балканските Медицински Наменски Сили (БМНС). Во текот на обуката слушателите имаа можност да се стекнат со нови вештини и техники од областа на предболничко згрижување на повредени како и унифицирање на истите кои ги применуваа при изведувањето на курсот, а истите ќе ги применуваат и понатаму за потребите на своите единици.
За време на курсот, предавачите и слушателите посветено се ангажираа при изведувањето и извежбувањето на предвидените теми и содржини од обуката.
На завршниот ден од курсот, на пригодна свеченост во присуство на заменик амбасадорот на Швајцарската конфедерација во Република Северна Македонија г-дин Егертер Лусиен, свечено им беа доделени Сертификатите за завршен курс на учесниците од страна на Директорот на курсот Саша Оберли.
ЗВ/ММ