Во Одделот за медицинска обука при Военомедицинскиот центар-Скопје, изминатите два дена (на 17 и 18 ноември 2025 година) се реализираше „Основна и напредна обука за прва помош и самопомош при повреди и ургентни медицински состојби” за вработените од Амбасадата на Кралството Холандија. На обуката учествуваа четиринаесет вработени од Амбасадата, меѓу кои и амбасадорката Узлем Џанел и нејзината заменичка Манон Јансен.
На основната обука учество земаа сите четиринаесет вработени од Амбасадата, кои се здобија со основни познавања и вештини за прва помош и самопомош. Напредната обука продолжи за четирите лица од Амбасадата, коишто се декларирани за прва помош при незгоди и несреќи, каде обуката беше дополнета со повеќе теми од згрижување на различни видови на повреди и соодветно реагирање при ургентни медицински состојби.
На завршната церемонија им беа доделени сертификати на сите учесници на обуката и беше нагласена важноста од зајакнување и понатамошно унапредување на плодната соработка, којашто трае повеќе од една деценија.








