Армијата на Република Северна Македонија Ви се заблагодарува на Вашиот интерес за посетата на нашата веб-страна.
Со посетување на веб-страната на Армијата на Република Северна Македонија и прифаќање на Политиката на приватност, Вие прифаќате и се согласувате со условите предвидени во истата.
Армијата на Република Северна Македонија ја цени вашата приватност. Согласно Законот за заштита на лични податоци, Ве уверуваме дека податоците оставени на нашата веб-страна нема да бидат злоупотребени, објавени во било каков медиум или споделени со друго правно, односно физичко лице.
Посетителот се согласува дека пристапувањето и користењето на оваа веб-страна, како и на било која друга веб-страна, преку линкот содржан на оваа веб-страна, вклучително и содржината, е на сопствен ризик. Сите кои учествуваат во создавањето и одржувањето на оваа веб-страна и линкот содржан на оваа веб-страна до посетителот, нема да се сметаат за одговорни за било каква евентуална штета која Ви е нанесена вам, на вашата компјутерска опрема или на друг имот или пак на трета страна, заради пристапување, користење или неможност за користење на оваа веб-страна или страна која е поврзана со оваа веб-страна.
Информациите кои се на оваа веб-страна се од јавен карактер, имаат за цел да информираат и не може да се користат за друга намена од било кој друг правен или физички субјект во Републиката или странство.
Секакво репродуцирање, пренесување, копирање, умножување и користење на тие информации, слики, звучни информации презентирани на оваа веб-страна, како и линковите до нив, можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување дека изворот е оваа веб-страна.