На ден 25-ти февруари 2014 година во неколку градови во Република Македонија припадниците на полкот за специјални операции (пСО) донираа прехранбени артикли и облека на социјално загрозени семејства и деца без родители.
Во оваа прилика, беа донирани околу 500 пилотски полуоброци составени од млеко, овошни сокови, овошје како и облека, кај неколку семејства во градовите Скопје, Струга и Неготино. Донацијата беше реализирана во соработка со центрите за социјална работа во градовите каде се донираа артиклите.
Во изминатите години припадниците на пСО со неколку вакви акции донираа средства во повеќе градови во Република Македонија, а во оваа прилика повод беше одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и денот на пСО. Припадниците на пСО и во иднина ќе продолжат со вакви и слични донации за оние граѓани на кои помошта им е најпотребна.