Во периодот од 25.11.2013 година до 01.12.2013 година на Армискиот Полигон „Криволак“ припадниците на полкот за Специјални Операции реализираа гаѓања со целокупното вооружување кое се наоѓа во единицата.
Целта на оваа активност беше одржување на високото ниво на борбената готовност и кондицирање во ракување со вооружувањата кои се на располагање во единицата. Како и секогаш, извршителите покажаа завидни резултати и ги исполнија бараните стандарди во сите видови на гаѓања.
Припадниците на полкот за Специјални Операции изведоа гаѓања со Оклопниот Транспортер БТР-80, со рачен ракетен фрлач М-80, бојна бомба, фрлач на гранати, различни видови на далекострелни пушки, крупно калибарни митралези итн.
Командантот на полкот за Специјални Операции, полковник Васко Ѓурчиновски, при својата обиколка на активноста не го криеше задоволството од покажаните резултати на гаѓањата, но воедно им порача на сите припадници дека само со постојана обука, тренинг и работа со опремата која се должи може да се одржи потребното ниво на борбена готовност.