Денес 13.08.2015 година во касарната „Илинден“ се реализираше акција за доброволно дарување на крв по повод Денот на АРМ – 18-ти Август.
Во оваа крводарителна акција покрај припадниците на полкот за Специјални Операции својата хуманост ја покажаа и припадници на единиците кои се распоредени во касарната. Активноста беше реализирана во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија и Институтот за трансфузиона медицина – Скопје. Во текот на доброволното дарување на крв беа собрани 92 крвни единици.
Имајќи го во предвид фактот дека секоја една крвна единица може да спаси 3 човечки животи, слободно може да се каже дека оваа акција беше успешна.