Денес 03.04.2015 година во касарната „Илинден“ студентите од Факултетот за безбедност во Скопје беа во посета на полкот за специјални операции.
На самиот почеток на посетата младите студенти беа примени од страна на заменикот на командантот на полкот за специјални операции полковник Орце Јордев. Триесетте студенти кои се слушатели на втора и четврта година со големо внимание ја следеа методско показната вежба „Импровизирани експлозивни направи“. Посетата продолжи со обиколка на куќата за гаѓање и демонстрацијата на повеќенаменската алпинистичка кула.
Крајот на посетата беше со Тактичко Технички збор на кој беше изложенa дел од опремата и вооружувањето кое се користи во единицата. Прашањата од страна на студентите беа присутни на секоја од работните точки што реално го отслика и нивниот интерес за покажаното.
Посетата беше одлична можност да младоста на студентите се спои со искуството и знаењата од припадниците на полкот.