Денес 10.07.2015 година во Караулата “Радожда„ во посета на обуката во летни услови на припадниците на полкот за Специјални Операции беше Асоцијацијата на одбрамбени аташеи во Република Македонија.
Пред одбранбените аташеи на Р. Бугарија, Р. Хрватска, Грција, Италија, Русија, Србија, Соединетите Американски Држави и Канада припадниците на полкот демонстрираа совладување на водени препреки, боречки вештини како и показна вежба за уништување на непријателски центар за врски.
Целта на обуката во летни услови е да се одржи борбената готовност и спремност на припадниците на полкот за Специјални Операции за извршување задачи во секакви услови. За време на обуката во летни услови покрај кондицирањето и зголемувањето на способностите за пливање кај припадниците на единицата, се реализираат вежби за совладување на различни видови на водени препреки.