На ден 19 февруари 2014 година во полкот за Специјални Операции се реализираше посета согласно одредбите на „Виенскиот договор“.
Инспекторскиот тим составен од два претставника од Вооружените сили на Романија и еден претставник од Вооружените сили на Португалија го предводеше полковник Томислав Ризески од одделението за контрола и верификација на вооружувањето од Секторот за меѓународна соработка во МО на РМ.
Инспекторскиот тим беше пречекан од Заменикот командант полковникот Орце Јордев и дел од командата кој им посака добредојде на гостите и пријатен престој во единицата и касарната „Илинден“.
Според планираната агенда, полкот за Специјални Операции пред инспекторскиот тим реализираше брифинг за организациско формациската структура, историјата на единицата со нејзина локација како и мисијата на единицата. По завршетокот на брифингот инспекторскиот тим посети неколку објекти во касарната „Илинден“ а воедно ја искористи можноста да го посетат и отворениот ден кој се реалзираше во едницата.