На ден 14.08.2019 година во касарната „Илинден“ се изврши примопредавање на должноста командант на Ренџерски баталјон. Должноста командант на баталјон од потполковник Блерим Исмаили ја прими потполковникот Ментор Саити.
На примопредавањето бригадниот генерал Хаџи Јанев Методи во своето обраќање се наврати на досегашните активности и успеси кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати честитки до досегашниот командант и новопоставениот командант. Досегашниот командант на Ренџерскиот баталјон, потполковник Блерим Исмаили се заблагодари на персоналот од единицата за укажаната поддршка во текот на неговото извршување на должноста. Новопоставениот командант, потполковникот Ментор Саити се заблагодари за довербата која му е доверена да биде командант и истакна дека е уверен во уште поголемо и по успешно темпо на квалитетно извршување на задачите. Исто така додаде дека секој Ренџер треба да биде горд што носи зелена беретка, и дека тие се најдоброто што нашата земја го има. Секогаш сме биле чекор понапред и такви мора и да останеме.
Во текот на свеченоста се изврши официјално потпишување на примопредавање на должноста помеѓу стариот и новиот командант на Ренџерскиот баталјон.
На свеченоста присуствуваа командантите на единиците кои се сместени во касарната „Илинден“.