Во периодот од 28.10.2013 година до 21.11.2013 година во касарната Илинден и Центарот за обука „Пепелиште“ се реализираше селективен курс за влез во полкот за Специјални Операции.
Сите пријавени кандидати со успех ги завршија физичките и лекарски проверки како и пливањето на 50 метри кои беа основен предуслов за влез на селективниот курс.
На самиот почеток на курсот на сите кандидати им се обрати Командантот на полкот за Специјални Операции и командирот на селективниот курс кои им посакаа успех во курсот и им порачаа да го дадат својот максимум доколку сакаат да бидат дел од едницата. За време на одржувањето на селективниот курс кандидатите беа проверени во нивната психофизичка способност и издржливост, способноста за донесување на одлуки во стресни ситуации, тимски дух и др. Во текот на селективниот курс беа обработени различни теми од тактика на мали единици, алпинистика и применето физичко се со цел најдобрите кандидати да бидат одбрани.
Осум кандидати со успех го завршија селективниот курс.