На традиционалните „Ренџерски игри“ кои се одржуваат по шести пат во организација на ренџерскиот баталјон, оваа година имаа можност да учествуваат и екипи од други единици на Армијата.
Во касарната „Илинден“ припадници на Армијата од ренџерскиот баталјон, баталјонот за специјални намени, баталјонот на воена полиција, питомечкиот баталјон и третиот механизиран пешадиски баталјон од првата механизирана пешадиска бригада неколку денови се натпреваруваа во дисциплините фрлање рачна бомба, гаѓање со пиштол и пушка, расклопување и склопување на вооружување, совладување на полигон со препреки, ориентација на непознат терен и други.
На крајот од натпреварувањата се прогласија најдобрите екипи и поединци како мотив повеќе за понатамошно подобрување на натпреварувачкиот дух и усовршување на личните професионални вештини.