По повод јубилејот „20 години сили за специјални операции“ денес 17 февруари понеделник во касарната „Илинден“ се одржа спортски ден.
На овој спортски настан учество зедоа припадниците на полкот за Специјални Операции и единиците кои се сместени во касарната „Илинден“. Екипите кои се натпреваруваа своите сили ги одмерија во следните дисциплини: фудбал, кошарка, шах, пинг понг и штафетно трчање 4х100 метри.
Спортот, спортскиот дух и физичката култура се секојдневие за припадниците на единицата. Една од карактеристики по кој се препознатливи припадниците на полкот за Специјални Операции во изминатите 20 години е секако физичката спремност. Физичката кондиција е неопходна за успешно реализирање на поставените задачи, но воедно позитивно влијаат и врз севкупното здравје и морал. Како и врвните спортисти во спортот кои се трудат да бидат побрзи, да скокнат повиско и да бидат појаки така и припадниците на полкот секогаш при реализирањето на своите задачи се трудат да бидат подобри, побрзи и поефикасни.