Денес 28.05.2014 година делегација на Вооружените сили на Литванија придружувана од Државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, беше во посета на полкот за специјални операции(пСО).
Делегацијата нa Вооружените сили на Литванија предводена од Маријус Величка Заменик министер за национална одбрана, беше дочекана од страна на командантот на пСО, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски.
По средбата, беше презентирана мисијата на пСО, структурата, опремата, како и стекнатите искуства од мисиите каде учествувала единицата. Посетата продолжи со обиколка на тактичко техничкиот збор каде беа изложени вооружувањето и опремата кои ги користи пСО. Пред гостите беше демонстрирана употребата на повеќенаменската алпинистичка кула.
Гостите во разговор со командантот на ПСО ја изразија својата благодарност, потенцирајќи го високото ниво на подготвеност кое беше демострирано од страна на припадниците на пСО.