Припадници од баталјонот за Специјална Намена од составот на полкот за Специјални Операции реализираа заедничка обука и размена на искуства со старешини од составот на Армијата на Соединетите Американски Држави.
Обуката се реализира во периодот од 11.03 до 23.03.2016 година на терените на АП Криволак.
Активноста е дел од годишниот план за билатерална соработка помеѓу Армијата на Република Македонија и Армијата на САД. Покрај размена на искуства, целта воедно е продлабочување и надградување на веќе постоечката одлична соработка помеѓу двете армии.
Во неколку часовна посета на обуката присуствуваше и министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски придружуван од претставници од канцеларијата за одбрамбена соработка на САД во Р. Македонија при Амбасадата на САД во Република Македонија.