Во Центарот за обука „Пепелиште“ и терените на Армискиот полигон „Криволак“ започнувајќи од 03.11.2015 година ќе се реализира 24-дневен селективен курс со кандидатите за професионални војници за прием во специјалните единици на Армијата на Република Македонија.
Во текот на селективниот курс кај кандидатите ќе биде проверена нивната физичка подготвеност, храброст, мотивираност, стручност, лојалност, чесност и тимска работа низ процесот на спроведување на теми од тактичка обука, вооружување со настава на гаѓање, алпинистка, боречки вештини и останати теми согласно Програмата за селективен курс.
По успешно завршување на селективниот курс, најдобрите и најиздржливите кандидати ќе се стекнат со право да станат дел од составот на најелитната единица во Армијата на Република Македонија – полкот за Специјални Операции.