Денес 12.12.2014 година припадниците на полкот за специјални операции со успех ја завршија обуката за борба во населено место.
Обуката се реализираше во периодот од 17.11 до 12.12.2014 година на полигоните за обука во касарната „Илинден“ и стрелиштето „Стенковец“. Целта на обуката беше размена на искуства со инструкторскиот тим од Република Турција како и унапредување на нивото на обученост за реализирање на ваков вид на задачи.
Пред слушателите на курсот на доделувањето на сертификатите се обрати началникот на штабот на полкот за специјални операции полковник Азим Нуредин кој напомена дека самата обука е многу важно, но исто така продлабочувањето и зајакнувањето на меѓусебната соработка и пријателски врски со Армијата на Република Турција е од непроценливо значење.