Во рамки на билатералната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Република Хрватска, баталјонот за почести на Армијата оствари официјална посета на баталјонот за почести на Вооружените сили на Република Хрватска.
Соработката беше реализирана на високo професионално ниво и во пријателска атмосфера, при што домаќините овозможија одличен прием и сместување на припадниците на Армијата.
Во текот на посетата беа спроведени заеднички подготовки и реализација на воено-акробатска вежба (егзерцир), со што се потврди нивото на усогласеност, дисциплина и меѓусебна почит помеѓу двата баталјона.
Покрај официјалните активности, беше организирана и културна програма која се реализира преку посета на музеј, прошетка низ градот и запознавање со културно-историското наследство на Република Хрватска.
Посетата на хрватскиот баталјонот за почести активно придонесе за унапредување на соработката, размена на искуства и зајакнување на пријателските односи помеѓу вооружените сили на двете држави.








