Делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, положи свежо цвеќе на Британските воени гробишта во Скопје во спомен на жртвите од Првата светска војна.
Церемонијата на британските воени гробишта, е во спомен на загинатите во Првата светска војна и претставува потсетник за трагедијата на сите луѓе, војници и цивили од сите националности, кои ги изгубиле своите животи, борејќи се за мирот и слободата.