Денес, 9 ноември, делегација од Армијата и Министерството за одбрана, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, по повод „Remembrance Sunday“, положи венец со свежо цвеќе на Британските воени гробишта во Скопје. Церемонијата „Remembrance Sunday“, традиционално организирана од страна на Британската амбасада, има двојно значење, сеќавање и почит кон жртвите на британските припадници на вооружените сили кои ги загубиле своите животи за време на Првата светска војна, како и чин на оддавање почит на воените и цивилните жртви, од сите националности, кои загинале во војни или конфликти во стремежот кон мир.








