На ден 30 октомври, со цел запознавање со теренот во североисточниот регион на државата, командата на Баталјонот за почести реализираше командантско извидување на Кумановско-кривопаланечкиот правец. Во рамките на активноста, припадниците ги посетија и спомен-костурницата во Куманово и Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, како и стратешките коти Зебрњак и неолитската опсерваторија Кокино. Командатското извидување, на припадниците од командата на Баталјонот за почести, покрај запознавање со географските карактеристики на дел од татковината, им овозможи и посета на дел од богатото културно-историско наследство на регионот, значајно за идните задачи и церемонијални активности на баталјонот.








