Денес, 11.11.2014 година (вторник) во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод одбележување на 11-ти Ноември денот на баталјонот за Почести (бП).
На свеченоста присуствуваа заменикот началник на ГШ на АРМ генерал – потполковник Насер Сејдини, командантот на пСО бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, началникот на штаб на Здружената Оперативна Команда бригаден генерал Стојан Димчов, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Павле Арсоски, претставници од ГШ на АРМ, команданти на баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти на единицата, како и претставници од сојузот на борци на НОБ.
Генералот Сејдини во своето обраќање им го честита денот на сите припадници на бП и ги истакна досегашните успеси на единицата.
Командантот на единицата потполковник Апостолоски даде краток осврт на историскиот развој на бП, постигнатите резултати во работењето на истата и искажа благодарност до припадниците на бП за нивното залагање.
По повод денот на бП беа доделени и стимулативни мерки на дел од нејзините припадниците за постигнати резултати во работењето и подигање на борбената готовност на единицата.
Баталјонот за почести е формиран на темелите на Првата Гардиска Бригада која е формирана по осамостојувањето на Република Македонија на ден 26.03.1992 година во касарната „Илинден“, а по заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и формирање на Армијата на Република Македонија, а денот 11-ти ноември, како ден на бП, оваа единица го презема како носител на традициите на Првата македонско косовска ударна бригада која е формирана на овој ден во 1943 година во селото Сливово.