По повод одбележување на празникот 2 Август, Денот на Републиката и Првото заседание на АСНОМ, делегација предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски положи свежо цвеќе на споменикот пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце.
Делегацијата во чиј состав беше командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини учествуваше во одбележувањето со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ, Никола Карев, Методија Андонов-Ченто и споменикот „Сила, слобода и победа“ во Скопје.
На прославата во Крушево пред споменикот „Македониум“, споменикот на хероите „Слива“ и споменикот на бранителите на Крушевската Република „Мечкин Камен“ со полагање на свежо цвеќе почит оддаде делегација во која учествуваше началникот на штаб на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.
Делегација од Армијата оддаде почит и на спомен-обележјата на могилата на Даме Груев, споменикот на Смилевските илинденци, споменикот на Даме Груев во село Смилево.