Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари проштална средба со досегашното резидентно одбранбено аташе на Република Грција во нашата земја, бригаден генерал Константинос Самарас.
На средбата беше изразена благодарност за успешната соработка и за придонесот на генерал Самарас во унапредувањето на билатералните односи меѓу армиите на двете држави. Посебен акцент беше ставен на заедничките активности во доменот на размена на искуства, медицински и падобрански обуки, SAR операции, обука на воената полиција, специјални сили, разузнавање, како и заеднички вежби.
Во рамки на средбата, генералот Лафчиски оствари средба и со новоименуваното одбранбено аташе на Република Грција во нашата земја, полковник Ставрос Манолис, на која беше потврдена заедничката подготвеност за натамошно унапредување на соработката и продлабочување на партнерството, во духот на сојузничките обврски и регионалната стабилност.