Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес 27.08.2025 година, оствари проштална средба со досегашното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија акредитирано за Република Северна Македонија, потполковник Ханс-Петер Вамслер, кој оваа должност ја извршува со седиште во Тирана, Република Албанија.
На средбата генералот Лафчиски се заблагодари на полковникот Вамслер за неговата посветеност и придонесот во залагањето за унапредување на билатералната соработка.
На средбата присуствуваше и новоназначеното одбранбено аташе на СР Германија акредитирано во нашата земја, потполковник Гвидо Алтендорф, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност. Притоа беше изразена заедничка определба за продолжување на успешната соработка и продлабочување на партнерските односи меѓу двете армии.
Во рамки на посетата, досегашното и новоназначеното одбранбено аташе остварија средба и со заменик-началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, при што беа разменети мислења за натамошно продлабочување на соработката и заедничките активности.