Синоќа, 7-ми ноември 2013 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Струмица. Граѓаните на Струмица вистински уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои пред концертот на Воениот оркестар ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“ на платото пред Домот на културата во Струмица.
Едночасовниот концерт на Воениот оркестар на АРМ се одржа во Домот на културата во Струмица, каде во одличната изведба на нумерите од страна на Воениот оркестар, имаа можност да уживаат граѓаните од различна возраст, кои со воодушевување го прифатија дружењето со припадниците на АРМ низ пријатната музика.
На концертот на Воениот оркестар во Струмица покрај граѓаните на овој град, присуствуваше и началникот на штабот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Стојан Димчов, претставници на локалната самоуправа од Струмица, припадници на АРМ и други .
Со концертот на Воениот оркестар во Струмица, заврши гостувањето во градовите низ Република Македонија каде што АРМ нема лоцирано свои гарнизони, како дел од проектот за приближување на АРМ до граѓаните и јакнење на цивилно-воената соработка. Кон крајот на годинава, овој проект е предвидено да се заврши со целовечерен новогодишен концерт на Воениот оркестар во Домот на АРМ во Скопје, кој во иднина треба да прерасне во традиционален.