Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес оствари протоколарна проштална средба со одбранбеното аташе на Обединетото Кралство, потполковник Џон Едвард Грин, по повод завршувањето на неговиот мандат.
Генералот Лафчиски изрази благодарност за досегашниот ангажман и личниот придонес на потполковникот Грин во унапредување на билатералната одбранбена соработка, која во континуитет се реализираше преку заеднички активности, вежби, обуки и стручна поддршка.
На средбата во Генералштабот особено беше нагласено значењето на британската поддршка, во процесите за развој на капацитетите на Армијата и во доменот на стручното усовршување на армиските кадри на високи воени образовни институции во Обединетото Кралство, која преставува потврда за континуираната соработка и партнерство меѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Обединетото Кралство.