Заменикот на началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе на САД за Република Северна Македонија, полковник Ден Сквајарс.
На средбата се разговараше за активностите кои се дел од билатералната армиска соработка која се реализира преку голем број на заеднички вежбовни активности, соработката во полето на образованието како и поддршката во развој на капацитетите.
Полковникот Сквајарс, претходно неделава оствари средба и со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.