По повод одбележување на празникот 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба делегација на Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, положи свежо цвеќе пред споменикот „Основачи на ВМРО“, во паркот „Жена борец“.
Генералот Лафчиски, на покана на претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, а по повод одбележувањето на Денот на македонската револуционерна борба, присуствуваше и на Свечената академија во НУ Македонски народен театар.








