Во периодот од 28.11. до 02.12.2022 година припадници од Армијата учествуваа и беа дел од годишното дефиле, традиционалната воена парада по повод прославата на Националниот ден на Република Романија – 1 Декември во Букурешт.
Воената парада која се реализираше пред Триумфалната порта во Букурешт, како традиционален настан се организира на 1 декември, а на годинешното дефиле учествуваа повеќе држави со нивни припадници (Полска, Франција, Португалија, САД и други), како и припадници на вооружените сили и безбедносните институции на Република Романија, со борбена техника и воздухопловни средства.
На прославата учествуваше и официјална делегација од Армијата предводена од командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини. Учеството на припадниците од Армијата на воената парада во Република Романија, претставува уште една потврда за одличната соработка помеѓу двете Армии.
ЧС