Синоќа, 21-ви мај 2014 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Македонски Брод. На концертот кој се одржа во салата на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод над 300 граѓани на Македонски Брод вистински уживаа во вештините во работа со оружје на припадниците на баталјонот за почести кои пред концертот на Воениот оркестар ја изведоа точката „ЕГЗИРЦИР“. Покрај граѓаните на Македонски Брод во едночасовниот концерт на Воениот оркестар имаа можност да уживаат и четирисет гости од градот Халинов, Полска кој е збратимен со Македонски Брод.
Одличната изведба на нумерите од страна на Воениот оркестар, како и настапот на припадниците на баталјонот за почести, наиде на воодушевување кај публиката во Македонски Брод, која синоќа припадниците на АРМ ги награди со аплауз.
На концертот на Воениот оркестар во Македонски Брод покрај граѓаните на овој град, присуствуваа и припадници на клучниот персонал од 1. механизирана пешадиска бригада и гарнизонот Кичево.
Синоќешниот промотивен концерт на Воениот оркестар во Македонски Брод, е прв од предвидените концерти кои во текот на 2014 година е предвидено да се реализираат во повеќе градови низ Република Македонија, како продолжување на проектот за соработка со локалната самоуправа во државава, чија основна цел е низ дружење, АРМ да се доближи до граѓаните и во градовите каде нема гарнизони.