Во пресрет на 8 март – меѓународниот ден на жената, припадничките на Армијата војнички и достоинствено го одбележаа овој значаен празник.
Припадничките од Генералштабот на Армијата со рекреативен – кондиционен марш во реонот на селото Лесново, општина Пробиштип, во војнички дух го одбележа овој значаен ден.
По повод меѓународниот ден на жената и во останатите команди и единици на Армијата на симболичен начин им се одаде признание на сите припаднички од Армијата за нивната улога во извршување на работните задачи.
Во рамките на одбележувањето на овој празник Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, упати честитка до припадничките на Армијата при што ја нагласи улогата на жената во воените структури, кои низ годините покажуваат дека храброста нема пол, a лидерството нема граници. „8 Март не е само ден за честитки. Тој е потсетник дека еднаквоста, меѓусебната почит и можностите мора постојано да се унапредуваат. Вие сте доказ дека современата армија е силна токму затоа што е разновидна“, наведе во честитката до припадничките на Армијата генералот Лафчиски.








