Припадниците од баталјонот за специјални сили за време на редовната годишна вежба „Trojan Footprint 22“ која се изведуваше во период од 18.04 до13.05.2022 година, на повеќе локации во Европа, меѓу кои и во Република Северна Македонија и оваа година покажаа висока интероперабилност во извршување на вежбовните активности.
На вежбовните активности кои се реализираа во Република Северна Македонија, покрај баталјонот за специјални сили учествува припадници на специјалните сили од сојузничките армии на САД и Обединетото Кралство и истите се реализираа на АП „Криволак“ и на полигоните „Стенковец“ и „Красте“ .
Цел на оваа редовна годишна вежба на специјалните сили во организација и под раководство на Армијата на САД за Европа и Африка се подобрување на способностите за изведување на операции на специјалните сили во координација со конвенционалните сили, колективна воена подготвеност за распоредување и одговор на секоја криза, како и зголемување на интероперабилноста, меѓусебните односи и довербата помеѓу сојузничките армии.
Во годинешната вежба „Trojan Footprint 22“ учествуваа повеќе од 3.300 учесници од 30 армии, при што копнените, воздушните и поморските операции за се изведуваа во Бугарија, Хрватска, Естонија, Германија, Грција, Унгарија, Летонија, Литванија, Црна Гора, Северна Македонија, Полска, Романија, Словачка и Словенија.