За прв пат во современата историја на Армијата, македонските специјалци заедно со своите колеги од командата на специјалните сили на Република Унгарија извршуваат координирани специјални задачи на тлото на сојузничка држава. Предуслов за извршување на овие исклучително сложени задачи се одличната соработка на полето на обуката, меѓусебната координација и заокружениот планирачки процес. „Operation Cold Peak“ е доказ за највисокото ниво на обученост, интероперабилност, меѓусебна доверба и соработка помеѓу специјалните единици во одбрана на сојузниците.
Денес, 15 септември 2025 година, согласно планот за билатералана соработка помеѓу специјалните сили на Армијата и вооружените сили на Република Унгарија, дел од припадниците на баталјонот на специјални сили заминаа во Република Унгарија, каде до 19 септември ќе се реализира дел од меѓународната вежба „Operation Cold Peak 25“. Македонските специјални сили по претходно добиена задача успешно се распоредија и започнаа со изведување на специјални задачи на полигоните за обука во Р. Унгарија. Едновремено, на македонско тло, дел од припадниците на Унгарските специјални сили по претходно добиена задача извршија успешно распоредување на силите и продолжија со извршување на планираните задачи и активности.
Вежбата е планирана и ќе се изведува едновремено на полигонот АП „Криволак“ и полигоните за обука во Р. Унгарија.
Оваа вежба ја истакнува соработката помеѓу двете сојузнички армии на ниво на специјални сили, а со цел размена на знаења, искуства, унапредување на интероперабилноста помеѓу сојузничките сили и зајакнување на координацијата при изведување на заеднички операции.