Заедничката обука со специјалните сили на САД како дел од програмата „JCET“ која започна на 21 август годинава, а ќе заврши на 1 септември, се изведуваше во касарната „Илинден“, на стрелиштето „Стенковец“ и на армискиот полигон „Криволак“. Со учеството и обуката на здружените формации се постигнува напредок на одбранбените способности.
Во текот на изведување на обуката во касарната Илинден припадниците на специјалните сили беа посетени од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски заедно со министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Анџела Агелер.
Заедничкото извежбување кое се изведува редовно секоја година во рамки на програмата за соработка ги зголемува интероперабилноста, оперативната способност и подготвеноста на специјалните сили.