Во периодот од 22.02. до 26.02.2021 година, во Домот на Армијата во Скопје, со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19“, со физичко присуство на дел од учесниците и преку видео телеконференциска врска се реализира Финалната планирачка конференција (ФПК) за вежбата „Одлучен удар 21“.
Финалната планирачка конференција претставува завршна фаза од планирачкиот процес за реализација на вежбата „Одлучен удар 21“ и на истата учество земаа претставници од армијата на САД во Европа како и претставници од армиите на Р. Бугарија и Р. Грција.
За време на конференција беа реализирани следните активности:
- финализирање на структурата на примарните и секундарните учесници на вежбата,
- финализирање на временската рамка на вежбата и пристигањето на единиците,
- финализирање на настаните и инцидентите за реализацијата на вежбата,
- финализирање на концептот за Денот на високи гости.
Во рамките на конференцијата во делот на цивилно-воената соработка се реализира извидување во Кичевско за донација на контејнери за сместување на подрачните училишта во с. Брждани и с. Подвис од страна на Американската амбасада.
Планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар 21“ продолжува во месец март со учество на тимот за планирање на вежбата.
ЧС/БН