Во период од 8-ми до 11-ти мај во центарот за обука „Пепелиште“, ќе се реализира Главна планирачка конференција (ГПК) која е дел од планирачкиот процес за претстојната вежба: „Македонски Блесок-13 / Здружена Реакција-17“.
ГПК има за цел да ги дефинира финалните документи од планот за вежбата, да обезбеди потребни предуслови за почеток на вежбата, како и потпишување на финалните документи за реализација на НАТО оценувањето помеѓу раководството на вежбата и НАТО советодавниот тим од Командата на здружени сили во Неапол.
Вежбата претставува годишна планска активност на ГШ на АРМ, чиј носител е ЗОК со цел да се изврши НАТО реоценување Ниво 2 на средна пешадиска баталјонска група (СПБГ) и НАТО оценување Ниво 2 на ренџерска чета (рч), како и промовирање на соработката на воено полициските капацитети од иницијативата А5 за претстојната вежба „Македонски Блесок-13 / Здружена Реакција-17“.