Мисија:
Обезбедува потполно организирани, обучени и опремени единици за изведување на специјални операции и специфични конвенционални операции, самостојно или во содејство со други единици на Армијата и други коалициони сили, во сите временски и земјишни услови за време на мир, кризна состојба и војна за поддршка на мирот и превенција на конфликти како дел од севкупните напори за поддршка на внатрешната безбедност и надворешната политика на Републиката.
Задачи:
1. Фокусирање на планирањето, организирањето, опремувањето и обучувањето за успешно извршување на мисијата;
2. Обезбедување на разузнавачка поддршка за успешно извршување на мисијата;
3. Обезбедување на потребните ISTAR капацитети за успешно извршување на мисијата на Армијата;
4. Учество со декларирани сили во планирање, организирање и обучување за извршување операции во склоп на операциите за стабилизација и за подршка на мирот и превенција на конфликти и справување со регионални конфликти и кризи, во состав и/или предводени од меѓународно договорени сојузи надвор од Републиката;
5. Соработка (билатерална и мултилатерална) во функција на градење на доверба и унапредување на регионалниот и глобалниот мир и стабилност;
6. Извршување на операции за поддршка на силите на МВР во справувањето со закани, ризици и опасности по безбедноста и одбраната на Републиката;
7. Извршување на операции за поддршка на на државните институции во случај на елементарни непогоди и несреќи на територијата на Републиката;
8. Обезбедува потребна борбено сервисна поддршка на единиците при извршување на задачите;
9. Обезбедува правилен менаџмент со персоналот (управување со човечките ресурси);
10. Обезбедува правилно менаџирање со финансиските средства и буџетирање;
11. Обезбедува адекватен КИС за потребите на мисијата;
12. Обезбедува ефикасни воено-цивилно односи, координација со цивилните структури (владини и невладини организации и здуженија) со цел поддршка на мисијата.
полковник Сашко Лафчиски
Дата на раѓање:
11.02.1977 Штип, Република Македонија.
Воено образование:
- Воена Академија “Генерал Михаило Апостолски” – Скопје, Република Македонија 1995-1999;
- Безбедносни студии за лидери на 21 Век, Маршал Центар, Гармиш-Партенкирхен, Германија 2003;
- Командно-штабна академија „Благо Задро“, Хрватска – Загреб 2007-2008;
- Школа за Национална Одбрана Карлајл, САД 2015-2016;
- Постдипломски студии – Магистер за стратегиски студии – Карлајл, Пенсилванија, САД 2015-2016.
Воена кариера:
- Командир на тим, баталјон за специјални намени 1999-2001;
- Командир на чета, баталјон за специјални намени 2001-2003;
- Командант на контингент за специјални операции – Мисија „Iraqi Freedom“ 2003-2004;
- Офицер за обука во С-3, баталјон за специјални намени 2003-2004;
- Началник на секција С-3, баталјон за специјални намени, 2004-2008;
- Национален претставник и НАТО Оценувач (Евалуатор) по концептот за оперативна спосбност (NATO Evaluator OCC E&F programme) при Здружената Команда на Сојузничките сили на НАТО во Неапол, Италија 2008-2012;
- Началник на секција С-3, Команда на полкот за Специјални Операции, 2012-2015;
- Командант на баталјон за специјални намени, 2016-2018;
- Заменик на командантот на полк за специјални операции, 2018.
Унапредувања:
- Потпоручник 1999-2000;
- Поручник 2000-2001;
- Капетан 2001-2007;
- Мајор 2007-2011;
- Потполковник од 2011- 2018
- Полковник 2018.
Постигнати успеси во кариерата:
- Златна значка на Армијата, 2013;
- Сребрена значка на Армијата, 2012;
- Голем број на благодарници и сертификати.
Странски јазици:
- Англиски;
- Италијански (почетно ниво).
Семеен статус:
Оженет, татко на едно дете.
Хоби:
- Спорт, Риболов и Лов.
главен наредник Раде Јованоски
Дата и место на раѓање:
25.04.1973 година во Македонски Брод, Република Македонија.
Воено образование:
- Курс за прв подофицер во вод (НКПОФ), Постојна, Р. Словенија;
- Курс за прв подофицер во чета, Велес, Р. Македонија;
- Подофицерска Академија, Загреб, Р. Хрватска.
Курсеви, вежби и учество во мисии:
- Курс за Индивидуални техники на движење, Скопје;
- Курс за процедури за трупно водење, Скопје;
- Курс за менаџмент и планирање на обуката, Куманово;
- Курс за Обезбедување на лица и Антитероризам, Скопје;
- Курс по англиски јазик, Скопје;
- Учество во мисијата Слобода за Ирак 1;
Воена кариера:
- Професионален војник во Противтерористичка чета во оСН 1994-1995;
- Командир на противтерористичко одделение во ЕСН, 1995-1997;
- Заменик командир на тим ПТ чета во бСН, 1997-2001;
- Инструктор за ВП во Инструкторски тим во Кч на бСН, 2001-2003;
- Подофицер за подофицерски и војнички прашања во Кч на КСЕ, 2003-2006;
- Прв подофицер во Штабната чета на пСО, 2006 – 2010;
- Главен подофицер во Ренџерскиот баталјон на пСО, 2010-2016;
- Главен подофицер во пСО, 2016.
Одликувања и медали:
- Златна значка на АРМ;
- Сребрена значка на АРМ;
Унапредувања:
- Водник 1995;
- Водник 1 класа 1997;
- Постар водник 2001;
- Постар водник 1 класа 2005;
- Наредник 2010;
- Главен наредник 2013 ;
Странски јазици:
- Англиски;
- Хрватски;
Семеен статус:
Оженет, татко на две деца.
Хоби:
- Спорт.
- Во ноември 2006 година извршено е преструктуирање на единицата во полк за Специјални Операции (пСО);
- Во декември 2003 година со одлука на Врховниот Командант на Армијата на Република Македонија единицата е преструктуирана во одред за специјални намени (осн);
- Како команда на специјални единици функционираше од 2002 до 2003 година;
- На 1–ви март 1994 година за прв пат во Армијата на Република Македонија беше формирана единица за специјални намени под името „Волци“.
Критериуми за прием во пСО:
Основни критериуми:
- Завршено средно училиште – IV степен;
- Отслужен воен рок;
- Висина 170 см;
- Возраст до 29 години, вработени во АРМ;
- Предселективни проверки;
- Психофизички проверки – 206 поени (минимално 60 поени по дисциплина);
- Проверка на здравствената состојба;
- Проверка во пливање;
- Селективен курс (12/24 дена).
Дополнителни бодови:
- Ако постигнеш 240 поени на физичка проверка;
- Ако си државен репрезентативец во спортски дисциплини;
- Ако си член на планинарски, падобрански и нуркачки друштва;
- Ако имаш добро познавање на странски јазици.
Општо за обуката во пСО:
Основна обука – 6 месеци:
- Прва фаза: обука на поединец;
- Втора фаза: тимска обука.
Специјалистичка обука – 9 месеци:
- Прва фаза: обука по специјалности;
- Втора фаза: тимска специјалистичка обука.
Специјалистичката обука се состои од:
- Обука на високо планинско земјиште;
- Падобранска обука;
- Летна алпинизам и планински операции;
- Обука на вода, пливање и нуркање;
- Обука во преживување и исхрана во природа;
- Борба во населени места;
- Тактика на мали единици;
- Гаѓања;
- Обука во боречки вештини;
- Изучување на странски јазици.
Мисии надвор од Република Македонија:
- Од јуни 2003 до јуни 2008 година, пСО учествуваше со 11 ротации на контингенти во мисијата „Слобода за Ирак“;
- Учество во мировната мисија „ISAF-Phoenix“ во И.Р. Авганистан во период од мај до декември 2010 година;
- Учество на поединци во состав на мисиите во Босна и Херцеговина, Либан и И.Р. Авганистан.
Добиени одликувања:
- Орден за заслуги доделен на 14.08.2012 година од Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на 20 годишниот јубилеј од основањето на Армијата на Република Македонија;
- Медал за храброст, 6 припадници;
- „Bronze Star”, 8 припадници;
- „Achievment Medal“, 43 припадници;
- „ARCOM Medal“, 68 припадници;
- „NATO Medal“, 133 припадници;
- „Altea Medal“, 7 припадници;
- „Vermont national guard medal“, 79 припадници.
Учество во меѓународни вежби:
2017 година:
- Заедничка обука и вежби помеѓу специјалните сили на АРМ, МВР и САД;
- Учество на меѓународна вежба „Allied Spirit VI“ во Р. Германија;
- Учество на меѓународна вежба „Common Challenge“ во Црна Гора.
2016 година:
- Учество на меѓународна вежба „Saber Junction 16“ во Р. Германија
- НАТО оценување ниво-1 на декларирана Ренџерска чета;
- Учество на меѓународна вежба „Аnaconda 16“ во Р. Полска;
- Учество на вежба „Македонски Блесок 12“;
- Учество на меѓународна вежба „Combined Resolve VII“ во Р. Германија.
2015 година:
- Посета на единицата од страна на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Н.Е. д-р Ѓорге Иванов;
- Обука на нуркачи во Црна Гора;
- Медицинска обука за болничари со инструктори од САД;
- Семинар за употреба на МЕС со инструктори од армијата на САД.
2014 година:
- Одбележување на јубилејот 20 години сили за специјални операции;
- Учество на меѓународна вежба „Платинест Волк 2014“, Р. Србија;
- Методско показна вежба „Неутрализирање на непријателски пловен објект“, Радожда;
- Заедничка вежба на специјалните сили на балканските земји Б-9, Р. Турција;
- Учество на меѓународна вежба „Trident Junction 2014“.
2013 година:
- Заедничка обука со инструктори од Армијата на САД „ЈСЕТ“ во месец февруари и јуни;
- Учество на заедничка вежба „Joint Reaction“ ,Р. Албанија, во јуни;
- Заедничка обука со инструктори од Армијата на Р. Турција за обезбедување на ВИП личности, јули;
- Вежба на специјалните сили на балканските земји Б-9 во Р. Србија, октомври;
- Заедничка обука во нуркање со инструктори на Армијата на Р. Турција, ноември.
2012 година:
- Здружена вежба „Cooperative Longbow/Lancer 2012“, мај;
- Носители на меѓународна здружена вежба Б-9 „Wise Wolf“ на специјалните единици од армиите на балканските држави, јуни;
- Заедничка планинска обука со тим од Вермонт, јули;
- Обука во летна алпинизам и јазење (ниво-1 и ниво-2) со инструктори од Швајцарија, септември.
- Мултинационална воздухопловна вежба „Logical Decision 2012“, октомври.
2011 година:
- Заедничка обука во нуркање во Р. Албанија;
- Вежба „Logical Decision-2011“, во Р. Унгарија;
- Здружена вежба „Здружени напори 2011“, во СР Германија;
- Планинска обука „Пребарување и спасување на непристапни терени и планински простори”, во Р. Македонија (земји учеснички: Швајцарија, Р. Хрватска и Р. Србија).
2010 година:
- Заедничка обука во скијање со припадниците на АРМ и ВС на Црна Гора, март;
- Заедничка обука „JCET 2010“ на специјалните сили на АРМ и Армијата на САД, јуни;
- Планинска обука „Пребарување и спасување на непристапни терени и планински простори“ со инструктори од Швајцарија, септември (учесници: Босна и Херцеговина, припадници од пСО и претставници од ДЗС, ЦУК, МВР и Црвен Крст на Р. Македонија);
- Здружена вежба за врски „Здружени напори 2010“, СР Германија, септември;
- „Балкански Блесок 2010“, НАТО оценување ниво-2, октомври/ноември.
2009 година:
- Вежба „Македонски блесок 05“, според концептот за оперативни способности;
- Вежба „Чекор напред 02“, самооценување ниво-2;
- Обука за борба во урбана средина, со инструктори од специјалните сили на Армијата на САД;
- Здружена вежба на специјалните сили на Р. Турција, Р. Босна и Херцеговина Р. Албанија и Р. Македонија „Mostar 09“, Р. Турција, јуни;
- Здружена вежба на специјалните сили од земји – членки на НАТО и ПЗМ „Jackel Stone 09”, Р. Хрватска, септември;
- Здружена вежба за врски „Здружени напори“, Босна и Херцеговина, септември;
- Обука за летна алпинизам и јазење „Bovila 09“, Р. Албанија, октомври (учесници: Р. Албанија, Р. Македонија, Р. Хрватска и Швајцарија).