Во рамки на одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста, а согласно годишниот план и програмата за реализација на крводарителски акции на Командата за обука и доктрини, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес беше реализирана крводарителска акција.
Во акцијата учествуваа припадници на Командата за обука и доктрини, кои со доброволното дарување крв уште еднаш ја потврдија својата посветеност кон хуманоста и солидарноста.
Со дарувањето на крв, припадниците на Армијата дадоа значаен придонес во обезбедувањето на потребните крвни единици за потребите на здравствениот систем, потврдувајќи дека помошта кон оние на кои им е најпотребна е вредност која се негува во рамки на армиските редови.
С/Г








