Мисија:
- Спроведување на обука, тренажа на летачкиот состав и одржување на потребната борбена готовност за извршување на задачи во согласност со начелата за употреба на транспортни хеликоптери;
- Подготовка на персоналот за учество во операции за поддршка на мирот, водени од НАТО и ЕУ;
- Во координација со останатите сквадрони, учествува во извршување на задачи во согласност со мисијата на вВИНГ.
Задачи:
- Воздухопловна поддршка на копнените сили со тежиште на транспорт;
- Вршење на барање и спасување, како и медицинска евакуација на повредени и ранети;
- Одржување на достигнатиот степен на тренажа, обуки и преобуки според потребите на единицата;
- Изведување на вежби за извежбување и оспособување на сквадронот за извршување на наменските задачи;
- Извршување на мисии ноќе, со употреба на системи за ноќно летање;
- Обука на нов летачки персонал и персонал за одржување и опслужување на летањето;
- Изучување на стандардите на НАТО и странски јазици со цел интероперабилност и вклучување на екипажи во операции на НАТО и ПзМ;
- Операции за поддршка на МВР во справување со закани по безбедноста на Републиката;
- Подигање на психо-физичката подготвеност на составот, согласно со Упатството за физичко воспитување и насоките на воздухопловно-лекарската комисија;
- Оспособување и извежбување за безбедно ракување со личното пешадиско вооружување.
Потполковник Феми Љумани
Потполковник Феми Љумани е роден на 24.10.1981 година во Ресен, Република Северна Македонија. Основно образование завршува во родното Крани, додека средно завршува општа гимназија во Дебар. Во 2000 година се запишува на Воена Академија „Ген. Михајло Апостолски“ во Скопје и дипломира во 2004 година како офицер на родот авијација. Воената кариера ја започнува како пилот на селекција на авион Zlin 242. во школско тренажен сквадрон. Во 2008 година успешно ја завршува обуката за пилот на авион. Во 2009 година преминува на хеликоптер Ми-8/17 во тогашен Транспортен Хеликоптерски Сквадрон. Во досегашната кариера извршувал повеќе командни и штабни должности на ниво на флајт и сквадрон, меѓу кои: командир на пилотски флајт, Офицер за безбедност по летање, заменик командант и началник на штаб во Хеликоптерски Сквадрон. Од 16.05.2022 година е поставен за Командантот на Хеликоптерски Сквадрон. Пилот е на хеликоптер Ми-8/17. Учествувал на повеќе воени вежби во државата и во странство, меѓу кои Блесок, Предизвик, Adriatic Strike и други. Во надградување на военото образование има завршено курс за командир на флајт во Плевен, Р. Бугарија, курс за безбедност по летање во Измир, Турција, курс за инструктори по летање во Македонија и Воздухопловна Командно Штабна Академија во Максвел, Алабама, САД. Во текот на кариерата повеќе пати е наградуван и пофалуван. Активно го користи англискиот јазик. Потполковник Феми Љумани е оженет, татко на две деца.
Во досегашната кариера ги извршува следните должности:
- Пилот во школско тренажен сквадрон, 2004-2008 година;
- Пилот во транспортен хеликоптерски сквадрон 2009-2012 година;
- Командир на летачки флајт во транспортен хеликоптерски сквадрон, 2012-2015 година;
- Началник на штаб – заменик командант во сквадрон за транспортни хеликоптери 2020 година;
- Началник на штаб – заменик командант хеликоптерски сквадрон 2021-2022 година;
- Командантот на хеликоптерски сквадрон, од Мај 2022 година.
Унапредувања:
- Потпоручник 2004-2006;
- Поручник 2006-2009;
- Капетан 2009-2014;
- Мајор 2014-2018;
- Потполковник од 2018.
Со одлуката на претседателот на Република Македонија, Македонското Воено воздухопловство беше формирано на 10–ти април 1992 година.
Во својот состав имаше: Команда на Военото воздухопловство, Воздухопловна бригада со авијација, транспортен хеликоптерски сквадрон и борбен хеликоптерски сквадрон.
Пилотската обука се извршуваше на Утва-75.
За Сквадронот на транспортни хеликоптери, на 28-ми јуни 1994 година беа набавени четири транспортни хеликоптери од типот Ми-17. Оттогаш основната и борбената обука се извршуваше на овие хеликоптери.
Сквадронот на транспортни хеликоптери извршуваше мисии на транспорт, ВИП транспорт, гасење на пожари, вежби на ПзМ, медицинска евакуација, барање и спасување и други мисии.
Во текот на 2001 година, сквадронот на транспортни хеликоптери беше опремен со уште четири хеликоптери од типот Ми-8.
Сквадронот на транспортни хеликоптери учествуваше во 4 ротации на мировна мисија „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина, во време од јули 2006 до јули 2008 година.
Како ден на единицата, воедно и ден на военото воздухопловство се слави 10-ти јуни, денот на отпочнување на летачка обука со авион Утва 75, во 1992 година.