Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Зоран Милески согласно годишниот план за работа, во текот на неделава изврши годишно информирање на припадниците од првопотчинетите единици на ЗОК, распоредени во гарнизоните Куманово, Петровец и Штип.
Командантот во текот на информирањето, детално се осврна на состојбата во првопотчинетите единици во текот на 2017 година. Посебен акцент беше ставен на состојбата со персоналот, обуката и опремата како и реализираните задачи во оваа година. Исто така беа дадени насоки и задачи за подобрување на состојбата во текот на идната календарска година.
На крајот од информирањето, командантот на ЗОК на сите припадници од првопотчинетите единици и нивните семејства им ја честиташе новата година со желби за добро здравје и многу успех на личен и професионален план.
До крајот на годината командантот на ЗОК ќе изврши годишно информирање и со припадниците од останатите гарнизони.