Припадници од инженерискиот баталјон (инжб) на полигонот за инженериска обука во „Стенковец“ организира и реализира Вежба 1/2: „Изработка и палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка“. На неа учествуваа припадниците на инжб и питомците од родот инженерија од трета година на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје.
Вежбата е во согласност со Годишниот календар за обука за 2018 година на инжб. Нејзината цел е учесниците да се извежбаат во правилна, брза и сигурна изработка и палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка во зимски услови. Исто така, таа има за цел кондицирање и подигнување на нивото на обученост и оспособеност.
Вежбата се изведе под команда, инструкции и надзор на командирите на чети и водови на инжб и во согласност со „Упатството и Програмот за изведување на вежби со боеви МЕС”. Командирите успешно ги имплементираа своите искуства и знаења и квалитетно ги пренесоа на извршителите на вежбата. Посебно внимание се посвети на мерките за безбедност и заштита при работа на учесниците.
Питомците од родот инженерија од трета година на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ – Скопје за прв пат изведуваа вежба со боеви минско експлозивни средства. Со нејзината успешна реализација тие се извежбаа и се стекнаа со нови знаења.