Денес, во Центарот за симулации во Командата за Обука и Доктрини (КОД) во Велес, 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), ја заврши тридневната компјутерска симулациона вежба „Механизиран пешадиски баталјон во одбрана“. Покрај припадниците на 3.мпб во вежбата учествуваше и персонал од Центарот за симулации, главно оператори на системот за симулации.
Персонал од штабот на 3.мпб, планирачкиот процес за оваа вежба го започна 30-тина дена пред почетокот на вежбата. Во планирачкиот процес беа дефинирани мисијата, силите, теренот како и тактичките постапки за извежбување на штабот и командирите на чети од 3.мпб.
Ова е прва вежба од ваков карактер која се реализираше во Центарот за симулации во Велес, а во исто време и прва компјутерски симулирана вежба во АРМ, од која ќе произлезат научени лекции кои ќе се имплементираат при планирање на наредните вежби кои ке се реализираат во Центарот и со другите единици од Армијата на Република Македонија. На ден 06.03. вежбата на 3.мпб беше посетена и од сите началници на секциите од штабот и заменикот на командантот на 1.мпбр.
Во Планот и програмата за обука на 1.мпбр во 2018 година, вакви симулациони вежби се планирани и со останатите баталјони, во кои сите научени лекции од оваа прва вежба од ваков карактер, ќе бидат од голема помош при реализацијата на истите.