По повод 8ми Март – Денот на жената во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и потчинетите команди и единици традиционално се одбележа празникот посветен на афирмација на женските права и положбата на жената во општеството.
Во ЗОК беше организиран прием на женскиот персонал во Куманово ЗОК од страна на командантот на ЗОК, генерал мајор Зоран Милески. На старешините и цивилни лица од женскиот пол им беше оддадено признание за целосниот професионализам во извршувањето на задачите при што со симболично доделување роза се искажа и почит кон жените и нивната улога која ја имаат и надвор од воената организација.
Во командата на 1.мпбр, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, со доделување на цвеќе на припадничките од понежниот пол исто така се одбележа овој ден. Во присуство на дел од штабот на 1.мпбр и припадничките во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, командантот на 1. мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, во негово и во името на сите припадници на 1.мпбр, на припадничките на 1.мпбр ( војници, подофицери и офицери), им го честиташе Денот на жената „8-ми Март. И во останатите единици од составот на ЗОК од страна на командантите се оддаде должно признание за вложениот труд и остварените резултати на сите припаднички на АРМ од понежниот пол.