Денес, 11-ти јули 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со полковник Пол Даф, Одбранбено аташе на Канада во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на полковникот Даф за неговата работа и стручен ангажман, при што го истакна неговиот придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Канада.
Должноста Одбранбено аташе на на Канада, полковникот Даф ја извршуваше во Амбасадата на Канада во Белград, Република Србија, од каде изминатите три години беше надлежен и за соработката на полето на одбраната помеѓу Канада и Република Македонија.