Денес, 19-ти Април 2013 година во Регионалниот тренинг центар за комуникации во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје успешно се заврши работилницата за медиа тренинг со клучниот персонал од ГШ на АРМ која се реализираше изминатите три дена.
На работилницата, началниците на организациските единици на Генералштабот на АРМ имаа можност да се запознаат со дел од техниките и вештините за говор пред камера, ТВ интервју и подготовка за прес конференција.
Обуката се реализираше од страна на сертифицирани инструктори за медиа-тренинг од составот на АРМ.
Учесниците на работилницата имаа можност на неколку вежби да се се подготоват за давање на ТВ интервју, изјава и подготовка и реализација на прес конференција. Работилницата беше одлична можност покрај вештините за работа пред камера учесниците, поблиску се запознаат и да го увидат значењето и работата на медиумите и подобрувањето на квалитетот на комуникацијата со нив.