Денес 29.06.2018 година, припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон од составот на 1.механизирана пешадиска бригада, го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, чие име го носи касарната во Кичево.
За време на одбележувањето на патронатот на касарната повеќе делегации од Армијата на Република Македонија и општествениот живот на градот Кичево положија свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, која се наоѓа во кругот на касарната.
Командантот на 4.механизиран пешадиски баталјон, потполковник Боро Латкоски во својот говор по повод одбележувањето на патронатот на касарната, зборуваше за бурниот животен пат и делата на народниот херој Чеде Филиповски – Даме, за неговата успешна воено-политичка кариера, за човекот кој секогаш се борел за правда, вистина и слобода за својот народ.
На свеченоста присуствуваa командантот на 1. мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантите на единиците од составот на 1. мпбр, претставници на единиците на локалната самоуправа во зоната на одговорност на единицата како и правни и физички лица со кои 4.мпб има соработка.
Одбележувањето на патронатот на касарната во Кичево, го збогатија и игрoорците од КУД „Бисер“ од Кичево, кои пред присутните гости изведоа дел од својата богата културно уметничка програма. Во рамките на одбележувањето на патрониот ден на касарната, припадниците на касарната организираа тактичко техничкиот збор (ТТ-збор) на кој присутните гости, посебно помладата популација од Кичево, имаше можност да се запознае со дел од вооружувањето и опремата со кои располага единицата.
Припадниците на 4.мпб ги продолжуваат светлите традициите на нашето минато, секогаш оддавајќи им почит на оние кои со својата храброст, младост и живот ја пишувале историјата на Македонија.
АС/СМ/ЧС/БН