Во организација на Генералштабот на АРМ по осми пат пред новогодишните празници традиционално се одржа армиско првенство во крос-кантри трчање.
На годинешното армиско првенство во крос-кантри својата физичка подготвеност во оваа дисциплина ја покажаа повеќе од 50 натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ.
Натпреварувањето се реализира на патеката во касарната „Чојлија“ во Петровец, која беше во должина од 8 илјади метри во машка и 4 илјади метри во женска конкуренција.
Победата во машка конкуренција ја однесе Милош Ранчиќ од воздухопловната бригада (вбр), а второто и третото место припадна на Игор Цветановски и Игор Јакимовски. Екипно припадниците на ренџерскиот баталјон го освоија првото место, второто припадна на Полкот за специјални операции (пСО), а третото на вбр.
Најдобро пласирана во женска конкуренција беше припадникот на баталјонот за почести (бп) Марија Пеликон, додека Марија Димевска и Ангела Гиновска се изборија за второто и третото место. Екипно најдобри и во оваа категорија беа припадниците на ренџерскиот баталјон, второпласирани пСО, а третото место припадна на бп.
Припадниците на АРМ со масовното учество на кросот уште еднаш покажаа во пракса како се изградува физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на сите задачи.