Во период од 10. до 14.09.2018 година, во центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“, се одржа финалната планирачка конференција (ФПК) за вежбата „Македонски блесок 14“, како последна од планирачкиот процес за претстојната вежба која ќе се реализира во време од 15 до 20.10.2018 година на АП „Криволак“ и во центарот за обука „Пепелиште“.
На почетокот од финалната координативна конференција, директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски го истакна значењето на вежбата и ги акцентираше сите обврски и одговорности на лидерите на синдикати.
Во текот на петте дена од ФПК се дефинирани и реализирани следните активности:
- Финализирање на организациската наредба со прилози од синдикатите за вежбата „Македонски блесок 14“;
- Извежбување на показна вежба за Денот на високи гости;
- Дефинирање на главната листа на учесници на вежбата;
- Дефинирање на Динамички план за активностите за вежбата.
Реализираните активности заедно со прилозите, анексите и заклучоците беа вградени во организациската наредба на вежбата, по што од страна на лидери на синдикати и директорот на вежбата беа потврдени. Овие документи се солидна основа за непречена реализација на вежбата.
ЗВ/ЧС/БН