Во касарната во Петровец, Командантот на воздухопловна бригада (вбр) полковник Роберт Малезански ги прими во работна посета заменик командантот 158-та воздухопловна бригада на Армијата на САД полковник Ханк Хардер и воено воздухопловното аташе на САД акредитирано во Република Македонија потполковник Ерик Рајс.
Воените претставници на Армијата на САД имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици во вбр, но и за останати прашања за кои гостите искажаа интерес.
По завршетокот на презентацијата извршија кратка обиколка на ТТ-зборот на платото пред Сквадронот на воздухопловно техничко одржување и имаа кратка презентација за средствата изложени на ТТ-зборот.
Посетена беше и школата за пилоти каде се изврши кратка презентација од страна на директорот на школата Драган Неделковски, по што извршија и кратка обиколка на симулаторите и останатите средства и услови за работа во школата.
ГИ/МЈ/БН/ОЈ